Џеси Марш е наследник на Марсело Биелса на менаџерската позиција во Лидс јунајтед. Американскиот стратег доаѓа откако имаше неуспешна авантура во таборот на Лајпциг на стартот на сезоната.
Тој беше избркан од тимот по лошите резултати, но сега доби нова шанса да работи како тренер на високо ниво. Марш тренерската кариера ја почна во Њујорк Ред Булс, а потоа во 2018 година продолжи да работи во спортското друштво Ред Бул, како помошник тренер во Лајпциг.
Во 2019 година се пресели во Салцбург како прв тренер, за изминатото лето повторно да се врати во Лајпциг. Лидс моментално се наоѓа на 16.место на табелата во Премиер-лигата со само два бода повеќе од зоната за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА