Лидс убедливо со Саутемптон, половина час за Алиоски (ВИДЕО)

Лидс дојде и до единаесеттата победа сезонава во Премиерлигата, убедливо триумфирајќи против Саутемптон со 3-0 во 25. коло.

По израмнетото прво полувреме, домашните до предност дојдоа со голот на Бамфорд во 47. минута.

Потоа следеа и погодоците на Далас во 78. минута и Рафиња во 84. минута за конечни 3-0.


Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во игра влезе во 59. минута од средбата, на местото на Клих, одигрувајќи го последниот половина час од дуелот.

Се вчитува...