ЛИГА ЕВРОПА: Ајнтрахт го елиминираше Интер, Арсенал ја анулираше предноста на Рен

Германски Ајнтрахт Франкфурт си обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на Европа откако во осминафиналето го елиминираше Интер победувајќи го среде Милано со 0-1 на реванш пресметката.

Победа сосема доволна за Германците по оние 0-0 од првиот меч во Франкфурт. Стрелец на единствениот гол за триумф беше Србинот Лука Јовиќ уште во 6. минута од натпреварот.

Место во четвртфиналето си обезбеди и Арсенал откако славеше со 3-0 против француски Рен. „Топчиите“ имаа негатива од 1-3 по првиот дуел, но успеаја да анулираат со головите на Обамејанг во 5. минута и во 72. минута и на, Митланд-Нилс во 15. минута…

И Вилјареал е меѓу осумте најдобри екипи во второто по квалитет европско клупско натпреварување, откако и на реванш дуелот славеше против Зенит со 2-1.

Последните двајца патници во четвртфиналето од Лигата на Европа ќе бидат определени по продолженијата или евентуално изведувањето на ударите од белата точка. Бенфика по регуларните 90 минути успеа да ја анулира негативата од Динамо Загреб од 0-1, постигнувајќи гол преку Бразилецот Џонас Оливеира во 71. минута на дуелот во Лисабон со што го однесе дуелот кон продолженија.

Славија и Севилја, сега во Прага, играат по 90 минути со идентични 2-2 како од првиот натпревар во Севилја па низ продолженија ќе одлучуваат за патникот во четвртфиналето.

Се вчитува...