ЛИГА ЕВРОПА: Аталанта триумфално во Лисабон, Мирчевски и ТСЦ во 90. минута до реми со Олимпијакос

Италијанската Аталанта ја запиша и втората победа во Групата Д од Лигата на Европа, и тоа во дербито на гостувањето против Спортинг Лисабон, со што јасно чекори кон првото место во групата.

Аталанта триумфираше со 1-2 по одлично одиграното прво полувреме во кое ги постигна двата гола. Најпрво Скалвини погоди во 33. минута а потоа стрелаше и Руџери во 43. минута за 0-2.

Домашните само го ублажија поразот во 76. минута со голот на Гјокерес.

Во истата група, австриски Штурм славеше на гостувањето против полски Раков.

Мартин Мирчевски, пак, и ТСЦ Бачка Топола во Групата А извлекоа реми (2-2) против Олимпијакос и покрај тоа што имаа негатива од 0-2. Мирчевски во игра кај домашните влезе во 88. минута, а во 90. минута Пантовиќ погоди за израмнување и бод за српскиот суперлигаш.

ЛИГА ЕВРОПА (2. коло)

ГРУПА А

Фрајбург – Вест Хем 1-2

ТСЦ Бачка Топола – Олимпијакос 1-2

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Б

АЕК – Ајакс 1-1

Марсеј – Брајтон 2-2

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Ц

Арис Лимасол – Глазгов Ренџерс 2-1

Бетис – Спарта Прага 2-1

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Д

Спортинг – Аталанта 1-2

Раков – Штурм 0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...