ЛИГА ЕВРОПА: Челси и Наполи веќе „газат“ кон четвртфинале

Челси и Наполи се на добар пат кон четвртфиналето во Лигата на Европа откако во првите осминафинални пресметки убедливо славеа против Динамо Киев односно Салцбург.

Челси стигна до триумф од 3-0 против Динамо Киев, што му носи релативно комотна позиција за реваншот во Украина. „Сините“ дојдоа до предност со голот на Педро во 17. минута, а Вилијан во 65. минута зголеми на 2-0.


Конечните 3-0 ги постави Хадсон-Одои во 90. минута од натпреварот.

Наполи, пак, со идентични 3-0 славеше против Салцбург. Милик во 10. минута и Руиз во 18. минута многу брзо ја најавија убедливата победа на Италијанците.


Со автоголот на Онгуене во 58. минута, Наполи заокружи на конечни 3-0…

Во последниот осминафинален дуел, Валенсија славеше со 2-1 против Кубан Краснодар. Шпанците со головите на Родриго во 12. и во 24. минута имаа предност од 2-0, но Русите со голот Швеѓанецот Виктор Клаесон во 63. минута дојдоа до резултат кој носи надеж во реваншот.

Се вчитува...