Челси без поголеми проблеми стигна до убедлива победа од 4-0 против ПАОК во 5. коло од Групата Л во Лигата на Европа.
На тој начин „сините“ само го потврдија првото место во групата кое ги носи во нокаут фазата од ЛЕ. За второто место во последното коло ќе одлучуваат Бате Борисов и унгарски Мол Види на македонскиот репрезентативец Бобан Николов.
Стрелци за Челси во триумфот против ПАОК беа Гиру, во два наврати во првото полувреме, Хадсон-Одои и Мората во вториот дел.
Крајно неизвесно околу вториот патник кој ќе обезбеди европска пролет ќе биде и во Групата Ј во која Стандард славеше против Севилја со 1-0.
Аполон со 2-0 славеше против Лацио во Групата Х, но во оваа група веќе познати се двајцата патници во нокаут-фазата, Ајнтрахт Франкфурт и Лацио.
Во последното коло околу двата тима кои ќе имаат европска пролет ќе се одлучува и во Групата Г, откако Глазгов Ренџерс и Вилјареал ремизираа вечерва без голови на мечот во Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА