ЛИГА ЕВРОПА: Челси рутински, Наполи се ‘тресеше’ а Валенсија извлече четвртфинале со гол во 93. минута

Сосема очекувано Челси со уште една убедлива победа против Динамо Киев се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа. Во вториот осминафинален дуел, овој пат на гостувањето во Киев, Челси славеше со 0-5 па со вкупни 0-8 си обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

„Сините“ до триумфот дојдоа со хет-трикот на Гиру, а по еден погодок постигнаа Алонсо и Калум Хадсон-Одои.

Наполи загуби на гостувањето од Салцбург со 3-1, но оној триумф од 3-0 од првиот натпревар им обезбеди на „наполитанците“ место во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Шпанска Валенсија пак се спаси во 93. минута на гостувањето против Кубан Краснодар извлекувајќи 1-1. Тоа беше доволно по победата од 2-1 во првиот меч. Голот за четвртфинале на Шпанците им го донесе Гуедес…

Претходно, Краснодар поведе со феноменалниот гол на Сулејманов во 85. минута.

Се вчитува...