Динамо Загреб со голот на Варела во 96. минута успеа да се спаси од пораз на гостувањето против Малме во 3. коло од Лигата на Европа, на крајот ремизирајќи 1-1.
Швеѓаните имаа предност од 45. минута кога пред паузата поведоа со 1-0, но Варела во шестата минута од судиското продолжение успеа да донесе бод за хрватскиот тим.
Ако Динамо се спаси, Рома не успеа да се спаси пред Виторија Плзен, доживувајќи пораз во Рим од 1-2.
Селтик, пак, со пресврт успеа да го победи Штурм со 2-1 на домашен терен, а славеше и Селта Виго против Ница со 2-1.
Феенорд убедливо со 3-1 го победи Панатинаикос, а Јанг Бојс славеше со 3-2 против Лудогорец. Нотингем Форест триумфираше со 2-0 против Порто.
Дански Митјиланд е со максимален ефект на врвот, како и Брага и Лион, откако со 0-3 го победи Макаби Тел Авив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

