Фенербахче е веќе речиси сигурен патник во осминафиналето од Лигата на Европа откако во првиот натпревар од 1/16-финалето славеше пред своите навивачи против Андерлехт со 3-0.
Тадиќ во 11. минута донесе предност за Турците од 1-0, а веќе во 42. минута Џеко зголеми и на 2-0.
Ен Несири во 57. минута заокружи за конечни 3-0.
⚽️ GOAL: En Nesyri
🇪🇺 Fenerbahçe 3-0 Anderlechtpic.twitter.com/z8F9JDaL9U— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 13, 2025
Со една нога во осминафиналето веќе е и Ајакс кој со 0-2 славеше на гостувањето против Ројал Унион со головите на Расмусен и Мокио во второто полувреме.
Унгарски Ференцварош триумфираше против Викторија Плзен со 1-0, а Реал Сосиедад славеше со 1-2 на гостувањето против Митјиланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА