ЛИГА ЕВРОПА: Елмас ремизираше со Адеми, Фенербахче обезбеди европска пролет

Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Аријан Адеми со Фенербахче и Динамо Загреб си обезбедија европска пролет во Лигата на Европа откако одиграа без голови во 5. коло од Групата Д, резултат кој на едно коло пред крајот ги смести на водечките две позиции во групата откако во корист им оди и ремито меѓу Андерлехт и Спартак Трнава.

И Елмас и Адеми го одиграа целиот натпревар во Истанбул кој заврши без многу возбудувања на двете страни, на крајот со реми без голови.

Спортинг, на Стефан Ристовски, заедно со Арсенал се двете екипи од Групата Е, кои обезбедија пласман понатаму во Лигата на Европа. Спортинг во 5. коло убедливо славеше со 1-6 на гостувањето против Карабах. Ристовски, како што е познато, поради повреда не беше во составот на Португалците.

Арсенал, пак, убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Ворскла во Украина, со три гола уште во првото полувреме.

Бобан Николов, пак, со Мол Види ќе треба да се потруди да стигне до пласман во елиманициската рунда во последното коло откако неговиот тим во денешното 5. коло од Групата Л загуби на гостувањето од Бате Борисов со 2-0. Николов во игра влезе во 74. минута од средбата, но не успеа да помогне да се спречи пораз на неговиот тим.

Се вчитува...