ЛИГА ЕВРОПА: Хет-трик на Кудус – Лудогорец посрамотен од Ајакс, Динамо Загреб со пресврт-победа против Спарта Прага

Ајакс е веќе сигурен учесник во групната фаза од Лигата на Европа откако убедливо со 1-4 славеше на гостувањето против Лудогорец во Бугарија во првиот натпревар од плејоф рундата.

Хет-трик на дуелот запиша Мохамед Кудус едноставно бришејќи ја надежта на Бугарите за место во Лигата на Европа.

Динамо Загреб со 3-1 славеше против Спарта Прага на дуелот на „Максимир“. Спарта поведе на мечот, но Шпикиќ, Периќ и Иванушец погодија за „модрите“ за победа која ги доближува до групите од Лига Европа. Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион како централен дефанзивец.

Блиску до место во групната фаза од Лига Европа е и азербејџански Карабах откако славеше со 0-2 на гостувањето против Олимпија во Љубљана.

Се вчитува...