Ливерпул убедливо со 4-0 го победи Ласк во 5. коло од Групата Е во Лигата на Европа.
„Црвените“ на „Енфилд“ триумфираа со головите на Диаз и Гакпо во првото полувреме, и Мохамед Салах во 51. минута од пенал и Гакпо во 92. минута, за чисто рутински натпревар на составот на Јирген Клоп кој веќе го осигура првото место во оваа група.
Тулуз ремизираше без голови со Ројал Унион, но тоа ќе биде доволно за Французите да го обезбедат второто место во групата.
⚽️🇪🇺 GOAL | Liverpool 1-0 LASK | Luis Diaz
WHAT A HEADER FROM LUIS DIAZ!pic.twitter.com/7VAnSubKsG
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 30, 2023
GAKPO! 🇳🇱
LIVERPOOL 2-0 LASK pic.twitter.com/MbwmPMQOKF
— ~ (@snappedlfc) November 30, 2023
Глазгов Ренџерс киксираше во Групата Ц, само ремизирајќи (1-1) на домашен терен со Арис Лимасол, по што сега во последното коло ќе мора да го бара својот пат во следната фаза од Лигата на Европа.
Во Групата Х, Баер Леверкузен ја продолжува својата доминација и со петта победа во исто толку натпревари, овој пат на гостувањето против Хакен со 0-2.
Во оваа група, Молде, пак, испушти триумф пред своите навивачи ремизирајќи (2-2) со Карабах. Гостите од Азербејџан до ремито дојдоа со гол во 95. минута со што останаа во игра за втората позиција на табелата.
Рома и Славија Прага во Групата Г од претходно веќе ги обезбедија првите две места на табелата, па си дозволија релаксирачки гостувања. Рома ремизираше (1-1) на гости против Сервет, а Славија Прага против Шериф Тираспол славеше со 2-3.
Марсеј во Групата Б се проби на првото место на табелата по драматичната победа од 4-3 над Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА