Со неколку интересни натпревари стартуваше сезоната и во второто по квалитет европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.
Ливерпул со две различни полувремиња дојде до победа од 1-3 на гостувањето против ЛАСК. Гостинска победа запиша и Рома на гостувањето против Шериф Тираспол, а Баер Леверкузен убедливо со 4-0 го победи Хакен.
Откако ЛАСК по првото полувреме имаше предност од 1-0 со голот на Флекер од 14. минута, Ливерпул со три гола во вториот дел дојде до очекуваниот триумф. Најпрво Нуњез од пенал во 56. минута израмни на 1-1, Диаз во 63. минута донесе предност од 1-2, а конечните 1-3 ги постави нововлезениот Салах во 88. минута.
Рома го победи Шериф со 1-2 со головите на Паредес и Лукаку. Во оваа група, Славија Прага со 0-2 триумфираше на гостувањето против Сервет.
Баер Леверкузен со 4-0 триумфираше против Хакен, во групата во која азербејџански Карабах со 1-0 го победи норвешки Молде.
Во Групата Ф, Панатинаикос го победи Виљареал со 2-0, а Рен убедливо со 3-0 го победи тимот на Макаби Хаифа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА