ЛИГА ЕВРОПА: Милан и Вест Хем рутински до четвртфинале, Бенфика низ „иглени уши“

Милан без никакви проблеми си обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на Европа, откако и во вториот натпревар на гостувањето против Славија Прага убедливо славеше со 1-3.

Стрелци на головите за „миланезите“ беа Пулишиќ во 33. минута, Лофтус-Чик во 36. минута и Леао во 45. минута.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Вест Хем кој со 5-0 триумфираше пред своите навивачи против Фрајбург, па лесно го анулираше поразот од 0-1 од првиот натпревар во Германија.

Бенфика со победа на гостувањето против Ренџерс во Глазгов си обезбеди четвртфинале благодарение на голот на Рафа Силва во 68. минута, како и француски Марсеј кој со 3-1 загуби на гостувањето од Вилјареал, но благодарание на убедливата своја победа од 4-0 на првиот меч продолжува понатаму во Европа.

ЛИГА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Ренџерс – Бенфика            0-1 (2-2)
Вест Хем – Фрајбург          5-0 (0-1)
Славија Прага – Милан    1-3 (2-4)
Вилјареал – Марсеј            3-1 (0-4)
* Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...