Милан беше блиску до бламажа против Дуделанж во 5. коло од Групата Ф во Лигата на Европа, но на крајот успеа да слави со пресврт убедлива победа од 5-2.
Поведе Милан со голот на Кутроне во 21. минута, но потоа следеше шок за домашните. Дуделанж израмни со евро-гол на Столца во 39. минута, а во 49. минута беше 1-2…
Сепак, Милан во 66. минута израмни со автоголот на Стелви, за да четири минути подоцна биде 3-2. Дуделанж во 78. минута запиша нов автогол, а Фабио Борини во 81. минута ги постави конечните 5-2.
Во вториот меч од оваа група Бетис славеше против Олимпијакос со 1-0, со голот на Канељас во 39. минута. Бетис со оваа победа си го осигура пласманот во нокаут фазата од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА