Два извонредни натпревари на Балканот во 1. коло од групната фаза во Лигата на Европа, во Белград и во Загреб.
Новиот, комплетно реконструиран тим на Динамо Загреб предводен од спортскиот директор Звонимир Бобан, на феноменален начин го „здроби“ турскиот гигант Фенербахче победувајќи со 3-1 на „Максимир“.
Динамо Загреб поведе со голот на Белјо уште во 21. минута. Фенербахче успеа да израмни со феноменален гол на Сцимански во 25. минута.
Но, Белјо повторно во 51. минута носи водство од 2-1 за „модрите“, а конечните 3-1 ги постави Бакрар во 51. минута.
Во Белград, пак, Марко Арнаутовиќ го постигна првиот свој европски гол за Црвена Звезда во ремито од 1-1 со шкотски Селтик. Гостите први поведоа со голот на Ихеаначо во 56. минута, а Арнаутовиќ израмни во 65. минута.
Од балканските екипи, и бугарски Лудогорец триумфираше со 1-2 на гостувањето против шведски Малме.
Рома триумфираше на гостувањето против Ница со 1-2 благодарение на головите на Ндика и Мансини во само три минути од 52. до 55. минута. Домашните во финишот успеаја само да го ублажат поразот.
ЛИГА ЕВРОПА – 1. КОЛО
Бетис – Нотингем Форест 2-2
Брага – Феенорд 1-0
Црвена Звезда – Селтик 1-1
Динамо Загреб – Фенербахче 2-1
Фрајбург – Базел 2-1
Малме – Лудогорец 1-2
Ница – Рома 1-2
Митјиланд – Штурм 2-0
ПАОК – Макаби Тел Авив 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

