Лига Европа: Победи за Елмас и за Адеми, сигурни Милан и Арсенал

Фенербахче оствари триумф од 2-0 против Спартак Трнава, а Елиф Елмас беше стартер во турскиот тим. Ислам Слимани беше двоен стрелец за Фенер на овој меч, во 52. и во 69.минута. Аријан Адеми со Динамо Загреб стигна до победа (0-2) на гости против Андерлехт. Хајровиќ од пенал и Гојак погодија за „модрите“.

Иван Тричковски беше стрелец за АЕК Ларнака, но кипрскиот тим, за кој настапи и Даниел Мојсов, загуби со 4-2 на „Бај Арена“ од Баер Леверкузен. Тричковски во 25.минута го отвори резултатот, но Хаверц и Аларио, кој постигна два гола, донесоа триумф за германскиот состав. Распас намали, но Џулијан Брант го постави конечниот епилог на дуелот.

Стефан Ристовски беше на клупата за резерви, а Спортинг Лисабон во финипшот преку Фреди Монтеро и Кабрал извлече триумф (1-2) на гостувањето против Ворскла.

Арсенал беше убедлив на гостувањето против Карабах и славеше со 0-3. Сократис, Смит – Роу и Гендози погодија за „топчиите“ на овој меч.

Милан го совлада Олимпијакос со 3-1. Грците поведоа со голот на Гвереро, но Кутроне со два гола и Игуаин направија пресврт во вториот дел.

Лига Европа, резултати

Група А: Баер Леверкузен – АЕК Ларнака 4-2, Цирих – Лудогорец 1-0

Група Б: Розенборг – Лајпциг 1-3, Салцбург – Селтик 3-1

Група Ц: Бордо – Копенхаген 1-2, Зенит – Славија Прага 1-0

Група Д: Андерлехт – Динамо Загреб 0-2, Фенербахче – Спартак Трнава 2-0

Група Е: Карабах – Арсенал 0-3, Ворскла – Спортинг Лисабон 1-2

Група Ф: Милан – Олимпијакос 3-1, Бетис – Дуделанж 3-0

Се вчитува...