ЛИГА ЕВРОПА: Рома го освои Глазгов, 20 минути игра за Миовски

Рома триумфираше со 0-2 на гостувањето против Глазгов Ренџерс во 4. коло од Лигата на Европа.

„Волчицата“ двата гола ги постигна во првото полувреме осигурувајќи ја победата.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски настапи од 73. минута на дуелот, влегувајќи на местото на Чермити, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот.

Штутгарт триумфираше со 2-0 против Феенорд, а Астон Вила немаше никакво проблем со Макаби Тел Авив победувајќи со истиот резултат.

РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО

Астон Вила – Макаби Тел Авив 2-0

Бетис – Лион 2-0

Болоња – Бран 0-0

Брага – Генк 3-4

Ференцварош – Лудогорец 3-1

ПАОК – Јанг Бојс 2-0

Глазгов Ренџерс – Рома 0-2

Штутгарт – Феенорд 2-0

Викторија Плзен – Фенербахче 1-0

Се вчитува...