ЛИГА ЕВРОПА: Рома со реми од Порто за реваншот, АЗ Алкмар убедливо со Галатасарај (ВИДЕО)

Порто и Рома ремизираа (1-1) во најинтересниот вечерашен натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа.

Рома имаше водство од 0-1 по голот на Турчинот Челик во 45. минута, но Порто успеа да израмни со голот на Моура во 67. минута, не дозволувајќи „волчицата“ со предност да го чека реваншот во Рим.

АЗ Алкмар веќе е, се чини, во осминафиналето откако убедливо со 4-1 пред своите навивачи славеше против Галатасарај.

Романски ФЦСБ, пак, славеше со 1-2 на гостувањето против ПАОК во Солун, а Твенте со 2-1 го победи норвешки Бодо Глимт.

Се вчитува...