Извонреден натпревар одиграа Ајакс и Марсеј во Амстердам на стартот од Групата Б во Лигата на Европа на УЕФА, со дури шест гола и без победник, 3-3.
Ајакс имаше предност од 2-0 по само 20 минути игра, но Марсеј со два гола на Клаус и Обамејанг уште пред полувремето стигна до 2-2.
Холанѓаните повторно поведоа во второто полувреме со голот на Тејлор во 52. минута, за да Обамејанг со својот втор погодок во 78. минута донесе бод за францускиот тим.
Грчки АЕК со голот на Аргентинецот Езекуел во 84. минута дојде до победа од 2-3 на гостувањето против Брајтон.
Во Групата А, Вест Хем беше пред шокантен пораз во пресметката со српскиот прволигаш ТСЦ Бачка Топола на Мартин Мирчевски, но успеаја да извлечат пресврт победа во финишот.
ТСЦ поведе со голот на Станиќ во 48. минута, за да Вест Хем со три гола од 68. до 82. минута дојде до триумф од 1-3. Мирчевски доби шанса да ги одигра само последните неколку минути во Лондон, откако влезе во игра во втората минута од судиското продолжение.
Во вториот натпревар во групата Олимпијакос на домашен терен во Атина загуби од Фрајбург со 2-3.
Во Групата Ц, Спарта Прага триумфираше против Арис Лимасол со 3-2, а Глазгов Ренџерс минимално со 1-0 го победи Бетис.
Во Групата Д, Аталанта со 2-0 го победи полски Раков, а Спортинг Лисабон на гостински терен со 1-2 го победи австриски Штурм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА