Лига куп: Ливерпул го чека Лестер, Вест Хем против Тотенхем

Извлечени се двојките од четвртфиналето на Лига купот на Англија, едното дерби се игра на „Енфилд“, другото во Лондон.

Екипата на Ливерпул, осумкратниот освојувач на Лига купот, на својот стадион го пречекува Лестер Сити, предводен од поранешниот менаџер на „црвените“, Брендан Роџерс.

Вест Хем, кој неодамна од ова натпреварување го елиминираше четирикратниот последователен победник Манчестер Сити, а претходно градскиот ривал Јунајтед, во Лондон ќе гостува кај градскиот ривал Тотенхем.

Поранешниот премиерлигаш Сандерленд, моментално член на третиот ранг на англискиот фудбал (Лига 1), исто така ќе игра во Лондон, но против Арсенал на стадионот „Емирати“, додека актуелниот лидер на премиерлигашот Челси ќе гостува кај соседите од Западен Лондон, тимот на Брентфорд.

Се вчитува...