ЛИГА НА НАЦИИ: Андре Силва ја урна Италија, Романците со бод од Белград

Фудбалската репрезентација на Португалија и без првата ѕвезда Кристијано Роналдо успеа да слави против Италија со 1-0, во Лигата на нации. Поранешниот напаѓач на Милан, Андре Силва, кој не се докажа на „чизмата“ беше стрелец на единствениот гол на овој меч.

Во лигата Б, Турција во финишот ја совлада Шведска на гости со 2-3. Емре Акбаба со два гола во 88. и во 93.минута донесе голем триумф за Турците.

Со реми (2-2) заврши и дуелот во Белград меѓу Србија и Романија, од лигата Ц. Александар Митровиќ двапати носеше предност за Србите, но Романија извлече бод со головите на Станчиу од пенал и на Тукудеан. Црна Гора со 2-0 ја совлада Литванија, а со ист резултат и Шкотска беше подобра од Албанија.

Во лигата Д, Косово во првиот меч во Приштина ги совлада Фарски острови со 2-0, Малта ремизираше против Азербејџан (1-1), а со идентичен резултат заврши и мечот Андора и Казахстан.

Се вчитува...