ЛИГА НА НАЦИИ: Англија ја „здрма“ Шпанија, Стерлинг со гол по цели три години… (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Англија одигра извонредно полувреме на гостувањето во Севилја кое се покажа сосема доволно да слави против Шпанија со 2-3 во натпреварот од Групата 2 во А лигата на УЕФА Лигата на нациите.

„Гордиот албион“ стигна до триумфот благодарение на извонредните 20 минути во првиот дел. Стерлинг со два погодоци е најзаслужен за победата, постигнувајќи два погодоци и тоа по пауза од цели три години во дресот на Англија. Последните голови во дресот на Англија, Стерлинг ги памети уште од октомври 2015 година.

Погоди најпрво во 16. минута за 0-1, потоа Рашфорд стрелаше за 0-2 во 30. минута, за да Стерлинг заокрижи на 0-3 во 38. минута.

Шпанците во вториот дел единствено што успеаја е да се доближат само до 2-3 со головите на Пако Алкасер во 58. минута и Рамос во 98. минута.

Босна и Херцеговина во Лигата Б славеше со 2-0 против Северна Ирска и се чини веќе полека го трасира патот за бараж пресметките за место на ЕП. Стрелец за Босанците беше кој друг туку Един Џеко погодувајќи во два наврати во 27. и во 73. минута од средбата.

ЛИГА А

(Група 2)

Исланд – Швајцарија 1-2

ТАБЕЛА: Белгија (2 меча) 6 бода, Швајцарија (3) 6, Исланд (3) без бодови.

(Група 4)

Шпанија – Англија 2-3

ТАБЕЛА: Шпанија (3 меча) 6 бода, Англија (3) 4, Хрватска (2) 1 бод.

ЛИГА Б

(Група 3)

БиХ – С. Ирска 2-0

ТАБЕЛА: БиХ (3 меча) 9 бода, Австрија (2) 3, С. Ирска (3) без бодови.

ЛИГА Ц

(Група 2 – 4. коло)

Естонија – Унгарија 3-3

Финска – Грција 2-0

ТАБЕЛА: Финска 12 бода, Грција 6, Унгарија 4, Естонија 1 бод.

ЛИГА Д

(Група 2 – 4. коло)

Белорусија – Молдавија 0-0

Луксембург – Сан Марино 3-0

ТАБЕЛА: Луксембург 9 бода, Белорусија 8, Молдавија 5, Сан Марино без бодови.

Се вчитува...