ЛИГА НА НАЦИИ: „Фуријата“ во 96. минута се спаси пред Германија, евро-гол на Караваев во триумфот на Русија над Србија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија се спаси од пораз на гостувањето против Германија во 96. минута на стартот од новата сезона во А лигата од УЕФА Лигата на нациите.

„Фуријата“ успеа да дојде до реми (1-1) со погодокот на дефанзивецот на Валенсија, Хозе Гаја во 96. минута. Претходно, Германците поведоа со погодокот на Тимо Вернер во 51. минута од средбата…

 

Во Б лигата, пак, во Групата 3, селекцијата на Русија убедливо со 3-1 славеше против Србија. Џјуба со два погодоци и Караваев беа стрелци на погодоците за Русите.

 

Митровиќ беше стрелец на почесниот погодок за Србите.

ЛИГА НА НАЦИИ (1. коло)

ЛИГА А – Група 4

Германија – Шпанија 1-1

Украина – Швајцарија 2-1

ЛИГА Б – Група 3

Русија – Србија 3-1

Турција – Унгарија 0-1

Група 4

Бугарија – Ирска 1-1

Финска – Велс 0-1

ЛИГА Ц – Група 3

Молдавија – Косово 1-1

Словенија – Грција 0-0

ЛИГА Д – Група 1

Летонија – Андора 0-0

Ф. Острови – Малта 3-2

Се вчитува...