Лига на нации: Холандија го зема скалпот на светскиот првак

Холандија успеа да го совлада светскиот првак Франција со 2-0 и ќе се бори за првото место во групата 1 од Лигата А, против Германија, која веќе е елиминирана и ќе се пресели ранг подолу во Лигата на нации. Џорџинио Вајналдум во 44.минута го доведе „лалињата“ во водство на овој меч, а во последните моменти Мемфис Депај од пенал го постави конечниот резултат.

Словачка ја совлада Украина со убедливи 4-1, но гостите делуваа незаинтересирано поради тоа што веќе го имаа освоено првото место. Данска на гости го совлада Велс со 1-2, со головите на Јоргенсен и на Братвајт.

Во Лигата Ц, идентични резултати на двата меча. Кипар и Бугарија одиграа 1-1, исто како и на средбата Словенија – Норвешка.

Во Лигата Д, Ерменија беше убедлива на гости против Гибралтар со 2-6. Мовсисјан постигна четири гола за Ерменците, а во листата на стрелците се запишаа и Карташјан и Карапетјан.

Се вчитува...