Лига на нации: Лукаку ја среди Швајцарија, здодевно реми на Хрватска и Англија

Фудбалската репрезентација на Белгија ја оствари и втората победа во групата А од Лигата на нации, совладувајќи ја на домашен терен селекцијата на Швајцарија со 2-1. Ромелу Лукаку беше стрелец на двата гола за „црвените ѓаволи“, додека Гаврановиќ погоди за Швајцарија.

Во Риека, селекциите на Хрватска и на Англија, без присуство на гледачи, одиграа здодевно реми без голови.

Во групата Б, Австрија ја победи Северна Ирска со 1-0, со голот на Марко Арнаутовиќ. Во групата Ц, Грција минимално го совлада Унгарија со 1-0, со погодокот на Константинос Митроглу.

Во групата Д, Белорусија со 1-0 славеше против Луксембург, додека Молдавија со 2-0 беше поуспешна од Сан Марино.

 

Се вчитува...