ЛИГА НА НАЦИИ: Португалците ја декласираа Хрватска, ремек-дело на Мбапе за победа на Франција

Португалија славеше неочекувано убедлива победа од 4-1 против Хрватска во првото коло од Групата 3 во А лигата од Лигата на нациите.

Португалците триумфот го најавија со голот на Кансело во 41. минута, а потоа во второто полувреме Жота и Жоао Феликс зголемија на 3-0. Почесниот погодок за Хрватите беше дело на Петковиќ во првата минута од судиското продолжение, за да конечните 4-1 ги постави Силва во 95. минута.

Франција, во истата група, триумфираше со 0-1 на гостувањето против Шведска благодарение на малото ремек-дело на Мбапе во 41. минута.

 

Гризман во 95. минута промаши пенал и за поубедлива победа на Франција.

Во Групата 2, пак, Белгија дојде до гостинска победа од 0-2 против Данска. Џејсон Денајер уште во 9. минута донесе предност за Белгијците кое го дуплираа со погодокот на Мертенс во 77. минута.

ЛИГА НА НАЦИИ – ЛИГА А

Група 2

Исланд – Англија 0-1

Данска – Белгија 0-2

Група 3

Португалија – Хрватска 3-1

Шведска – Франција 0-1

Се вчитува...