ЛИГА НА НАЦИИ: Русија триумфално против Турција, Косово и Азербејџан во тесна битка во Лигата Д

Русија е на добар пат да го освои првото место во Групата 2 од Лигата Б на УЕФА Лигата на нации, откако во третото коло славеше против Турција со 2-0.

Стрелци на головите за Русите беа Нојштатер во 20. минута и Черишев во 78. минута од средбата…

По оваа победа Русија има 7 бода, и потребен и е само бод во последното коло против Шведска за да го осигура првото место во групата и пласман во баражот за ЕП.

Во Д лигата, во групата 3, Азербејџан ремизираше на домашен терен против Малта а Косово ремизираше на гостувањето против Фарските острови. Косово и Азербејџан се во изедначена битка за првото место во групата.

ЛИГА Б (Група 2 – 3. КОЛО)

Русија – Турција 2-0

ТАБЕЛА: Русија (3 меча) 7 бода, Турција (3) 3, Шведска (2) 1 бод.

ЛИГА Д (Група 3 – 4. КОЛО)

Азербејџан – Малта 1-1

Ф. Острови – Косово 1-1

ТАБЕЛА: Косово 8 бода, Азербејџан 6, Ф. острови 4, Малта 2 бода.

Се вчитува...