Лига нации: Србите преку Црна Гора до првото место во групата

Фудбалската репрезентација на Србија ја совлада селекцијата на Црна Гора во Белград со 2-1 и го освои првото место во групата 4 од Лигата Ц со недостижни 11 бода во пресрет на последното коло. Србите одат во плејофот за пласман на ЕП 2020.

Адем Љајиќ во 30.минута го доведе составот на Србија во водство, а само две минути подоцна Александар Митровиќ зголеми на 2-0. Истиот фудбалер во 38.минута не искористи пенал, откако неговиот обид за „паненка“ заврши над голот.

Црногорците намали преку Стефан Мугоша во 70.минута, но немаа сили да стигнат и до реми на овој меч.

Се вчитува...