Лигата на Нации почнува со бојкот?

Лигата на Нации, новото натпреварување на УЕФА, почнува в четврток, а може да биде кобно за фудбалската репрезентација на Данска. Поради незадоволство и конфликт со Фудбалката федерација, данските фудбалски репрезентативци порачаа дека нема да ги играат натпреварите со Словачка (пријателски меч) в среда и против Велс в сабота од Лигата на Нации. Тоа може да доведе и до суспензија и исфрлање на селекцијата која беше учесник на Мундијалот во Русија.

Данските фудбалери не успеаја да се договорат со федерацијата за своите настапи во националниот тим. Сепак, УЕФА, доколку Данска не го одигра натпреварот против Велс од Лигата на Нации, најави дека ќе ги преземе сите мерки според дисциплинските правилници за натпреваруањата на меѓународна сцена.

Се вчитува...