Лихтенштајн 16 години нема победа во квалификации за СП

Септември 2005 година. Тоа е датумот кога Лихтенштајн последен пат славел во еден квалификациски натпревар за пласман на Мундијалот. Тогаш во Вадуц „падна“ селекцијата на Луксембург и тоа убедливо до 3:0.

Од тогаш па наваму, Лихтенштајн има само пет ремија, и другите им се порази.

Нешто подобра е ситуацијата во квалификации за ЕП, каде што Лихтенштајн чека „само“ седум години на победа. Последен пат се радувала во 2014 година против Молдавија. Додека, пак, во Лигата на Нации Лихтенштајн лани против Сан Марино славеше со 0:2 на нивен терен.

Бодот против Ерменија минатото коло им беше прв земен во квалификации за СП после осум години, односно претходно во 2013 година одигра 1:1 на домашен терен со Словачка.

Се вчитува...