Лил станува кошмар за ПСЖ – го освои и Суперкупот на Франција

Актуелниот првак на Франција, Лил повторно успеа да го надмудри ПСЖ и да стигне до уште еден трофеј против великанот, овој пат во Суперкупот на Франција со триумф од 1-0.

„Светците“ во поголемиот дел од мечот ја контролираа топката, но Лил беше оној кој поведе во 45. минута од првото полувреме преку Хека, а единствениот гол на натпреварот на крајот беше доволен за нов трофеј на „црвено-сините“.

Се вчитува...