Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска од 18:30 часот ги стартува квалификациите за Грандслем турнирот УС Опен 2026.
По настапот на главниот турнир на Вимблдон, желбата на Ѓорческа е да дојде до најдобрите во ждрепката и за последниот грандслем турнир во годината.
Во првото квалификациско коло денеска Ѓорческа (217. место на ВТА листата) се соочува со јапонската тенисерка Маи Хонтама, која е на 171. место на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
