Лина Ѓорческа фуриозно го почна настапот во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа фуриозно го почна настапот на ВТА фјучерсот вреден 25.000 долари во Ларнака, Кипар.

Ѓорческа, губејќи само два гема, со 6-1 и 6-1 ја победи домашната тенисерка Марија Сиопача и се пласираше во второто коло на турнирот.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Италијанката, Паолети и Французинката Јаничијевиќ која е осма носителка на турнирот.

Ѓорческа на овој турнир настапува и во двојки заедно со Лола Радивојевиќ.

Се вчитува...