Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка не успеа да ја мине првата пречка на челенџерот во Рим. Ѓорческа беше поразена во 1/16 финалето од италијанската тенисерка Дебора Киеза со 2-1 во сетови.
Мечот донесе голема борба која траеше три часа, а Лина го освои првиот сет после тај-брејк, каде Ѓорческа покажа многу подобра игра, и со 7-1 го освои сетот.
Во вториот сет имаше загубени сервизи на двете страни. Ѓорческа трипати направи брејк, а противничката четири, што беше доволно за 6-3, и 1-1 во сетови.
Третиот сет Киеза го доби сои дентични 6-3, за конечна победа.
Ова беше прв турнир за Ѓорческа по настапот на Вимблдон каде обезбеди пласамна во првото коло, и беше елиминирана од Аманда Анисимова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
