Лина Ѓорческа поразена на стартот во квалификациите за УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, доживеа пораз во квалификациите за УС Опен. Ѓорческа не успеа да ја мине ниту првата пречка, откако загуби од јапонската тенисерка Маи Хонтама со 2-0 во сетови (7-6 и 6-3).

Уште на стартот од првиот сет, Јапонката направи „брејк“ за 2-0, потоа Лина успеа да врати и да намали, па повторно да го загуби својот сервис. Јапонката стигна до предност од 4-2, а потоа серија на загубени сервиси за 5-4, па до крај мораше да се решава со тај-брејк, кој го доби Хонтама со 7-1.

Откако го доби првиот, Хонтама лесно го доби вториот. Лина добро се држеше и дојде до 3-3, но потоа загуби сервис, и Јапонката доби на свој сервис 5-3, и на крај да заврши со брејк за конечен триумф.

Се вчитува...