Лина Ѓорческа поразена од Томова

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Бугарката Викторија Томова со 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 во последниот натпревар од првата групна фаза на Шампионатот на источна Европа кој се игра во Белград.

И покрај поразот нашата тенисерка обезбеди пласман во втората фаза од турнирот бидејќи во претходните три натпревари од групата Ц славеше победи противМаријана Дражиќ (Хрватска), Тијана Сретеновиќ (Србија) и Чемре Анил (Турција).. Втората групна фаза од Шампионатот на источна Европа од која ќе биде дел и нашата Ѓорческа стартува следната недела.

Се вчитува...