Лина Ѓорческа против Американката Анисимова во 1. коло на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра против Американката Аманда Анисимова, во историскиот свој прв настап на главниот турнир на најпрестижниот грендслем во светот, Вимблдон!

Откако успешно ги мина квалификациите и стана првата Македонка во историјата која ќе игра на главен турнир на еден грендслем, Лина денеска ја доби и својата противничка за првото коло.

Анисимова е шесторангирана тенисерка во светот, една од најдобрите на денешницата, во самиот светски врв.

Како што е познато, во финалето од квалификациите Ѓорческа на доминантен начин славеше против фаворизираната Италијанка Луција Бронзети (127. место на ВТА листата) со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2, и си обезбеди место на главната ждрепка.

Се вчитува...