Лина Ѓорческа со триумфален старт во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа победа во мечот од првото коло на фјучрсот W75 Рим, прв настап на Ѓорческа по квалификациите на  Вимблдон. Таа беше подобра од швајцарската тенисерка Леони Кунг со 2-0 во сетови (63 61) за 69 минути игра. Противничка во следната рунда ќе и биде победничката од мечот Кристина Дину (Романија) и Миа Ристиќ (Србија).

Карактеристика на мечот беше тоа што првиот гем во двата сета и припадна на Кунг, но тоа не беше пречка за македонската тенисерка да стигне до победата. Во првиот сет Кунг во првиот гем го направи и единствениот гем во мечот, додека Ѓорческа имаше пет брејка од девет можности. По водството на швајцарската тенисерка Ѓорческа направи ри-брејк, а по 2:2 во првиот сет успеа да освои три гема во низа и предноста од 5:2 ја зачува до крајот на сетот што го доби со 6:3.

Во вториот сет по водството на Кунг од 1:0 во гемови, Ѓорческа направи серија од шест гема и сетот го заврши со 6:1 што беше знак за пласман во следната рунда.

Се вчитува...