Лина Ѓорческа во 3. коло на силниот турнир во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во 3. коло во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот вреден 40.000 долари во Оточец, Словенија.

Ѓорческа, на силниот ИТФ турнир во Словенија, во второто коло славеше против домашната тенисерка Пиа Ловриќ во два сета, за еден час и 30 минути игра.

Двата сета македонската тенисерка ги доби со по 6-4, успешно минувајќи ја осминафиналната пречка во Оточец.

Се вчитува...