Лина ќе игра финале во двојки на турнирот во Киасо

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на турнирот во двојки на ИТФ фјучерсот кој за 25.000 долари се игра во Киасо, Швајцарија.

Во полуфиналната пресметка, Ѓорческа заедно со својата партнерка Бугарката Најденова лесно триумфираа против француско-швајцарската комбинација Жоржес/ Суња во два сета, со 6-1,6-3.

Во финалето ќе играат против четвртите носителки на турнирот, Крамперова од Чешка и Ван дер Хок од Холандија.

Претходно, како што е познато, Ѓорческа во четвртфиналето ги заврши своите настапи на турнирот во поединечна конкуренција.

Се вчитува...