Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа викендов ќе бие битка за својата прва титула во 2017 година.
Ѓорческа заедно со Американката Бернарда Пера се пласираа во финалето на фјучрсот во Италија, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Во полуфиналната пресметка Ѓорческа и Пера, со пресврт славеа против четвртите носителки Алиса Матеучи и Камила Росатело од Италија, со 4-6, 6-1, 10-8.
Во финалето утре ќе играат против третите носителки Прартана Томбаре (Индија) и Ева Вакано (Холандија), кои денеска во полуфиналето славеа против вторите носителки Ирина Марија Бара (Романија) и Башак Ерајдин (Турција) со 6-3,6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА