Лина Ѓорческа го оствари најголемиот успех во кариерата со пласманот на главниот турнир на Вимблдон, но македонската тенисерка не планира да запре.
Следна цел – настап на УС Опен, откако Ѓорческа се пријави да биде дел и од американскиот гранслем турнир што ќе стартува за околу еден месец.
Организаторите денеска го објавија списокот на пријавените тенисери и тенисерки, меѓу нив се најде и името на Македонката, која како и на Вимблдон, ќе се обиде преку квалификации да стигне до главниот турнир.

Првото коло на УС Опен стартува на 30 август, а квалификациите ќе се играат во Њујорк една седмица порано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
