Лина Ѓорческа стигна до историски прв пласман на Вимблдон во својата кариера, што воедно е и историја за македонскиот тенис во сингл конкуренција.
За жал, Анисимова се покажа како пресилен ривал, Американката ја оправда фаворитската улога и се пласираше во второто коло, но Лина се покажа во добро светло, давајќи се од себе во обид да се надигрува со поквалитетната противничка.
Статистички гледано, останува да се жали што преголемиоот притисок придонесе сервисот да биде далеку од посакуваното ниво. Лина имаше 41% успешност на првиот сервис, притоа правејќи осум двојни грешки, а најдобрата македонска тенисерка имаше и два аса на своето деби на гранслем турнирите.
Анисимова очекувано го контролираше темпото, што придонесе Ѓорческа да има 4 винер удари и 20 неизнудени грешки.
Бројките очекувано се во корист на противничката, а Лина сигурно ќе извлече поуки и ќе прикаже уште подобри игри во периодот што следи. Затоа што во овие квалификации за Вимблдон покажа дека за неа ништо не е невозможно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
