Лина супериорна: Дука „збришана“ со 6-0, 6-0

Лина Ѓорческа продолжи со одлични настапи на турнирот во Рим, откако македонската тенисерка во голем стил се пласираше во четвртфиналето, не препуштајќи и на својата противничка ниту еден единствн гејм. Македонката, која е втора носителка на турнирот, во осминафиналето се сретна со Романката Габриела Дука, која за 51 минута игра беше збришана со максимални 6-0, 6-0.

Ѓорческа останува една од главните фаворитки за освојување на пехарот на овој турнир, со награден фонд од 25.000 долари, а нејзина следна противничка ќе биде подобрата од дуелот меѓу шестата носителка Сегуел од Кина и Горгодзе од Грузија.

Се вчитува...