Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е подготвена за својот историски прв настап во главната ждрепка на Вимблдон, а организаторите веќе го објавија точниот распоред и саатница за нејзиниот дебитантски меч.
Ѓорческа, која обезбеди пласман на третиот гранд-слем сезонава преку квалификации, во првото коло ќе ги одмери силите со минатогодишната финалистка и шеста носителка на турнирот, Аманда Анисимова.
Дуелот е закажан за во вторник (30 јуни), со почеток во 13 часот по средноевропско време. Натпреварот ќе се одигра на Теренот број 2, кој има капацитет од 4.000 седишта. Со овој македонско-американски судир воедно и ќе започне дневната програма на овој терен, но и на целиот втор ден од престижниот турнир во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
