Лина за 50 минути ја „збриша“ Французинката Вулпио

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 60.000 долари во Тунис.

Во второто коло на турнирот во поединечна конкуренција, Ѓорческа, која е седма носителка, за 50 минути ја „збриша“ Французинката Јулија Вулпио победувајќи во два сета со 6-3,6-0.

Нашата тенисерка на турнирот во игра на двојки, заедно со Украинката Пожнихиренко загубија уште во првото коло.

Се вчитува...