„Луташе“ со тренери сезонава екипата на Е.Пелистер. На крајот не успеа да го најде вистинскиот, па тимот ја предаде круната на најголемиот ривал Вардар. Затоа сега стигнува „бомбастична“ информација кога станува збор за тренерската позиција на тимот од Битола.
Добро познатиот и искусен тренер Лино Червар го презема тимот од Битола, во обидот да го врати на старите шампионски патеки. Поранешниот тренер на Металург и селектор на македонската селекција добро го познава македонскиот ракомет. Беше дел од Металург цели осум години, од 2009 до 2017 година, а беше и селектор пред неговото заминување од земјата.
75-годишниот Червар е без ангажман од 2019 година, кога последен пат го водеше Загреб. Претходно беше селектор и на Хрватска, работеше и во Италија, како и во Австрија во тимот на Клагенфурт.
Со Металург четири пати го освојуваше пехарот во Првата лига, три пати Купот. Со Хрватска има освоено злато на СП 2003, како и злато на ОИ во 2004 година, а играше и во три финалиња на ЕП, во 2008, 2010 и во 2020 година.
Според информациите, двете страни се блиску до договор, а Червар од јули би требало да го преземе битолскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
