Лион и со играч помалку стигна до првата победа во Лига 1 (ВИДЕО)

Четири кола му беа потребни на Лион за да стигне до првата победа во новата сезона во француското првенство и тоа минимална со 1-0 на гостувањето кај Нант.

Херојот на Лион беше Муса Дембеле кој во 35. минута од мечот беше на право место во право време и го собра „отпадокот“ во шестнаесетникот за да го донесе својот тим во водство. Гостите во 78. минута останаа и со играч помалку, но тоа не успеа да ги искористи домашниот тим за да дојде до бодови.

 

Се вчитува...