Лион стравува од теорија на заговор за мечот со Сити во Лигата на шампионите

Францускиот претставник Лион не сака да ја прифати одлуката на УЕФА холандскиот судија Дани Макиеле да ја дели правдата на утрешниот четвртфинален меч од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Французите стравуваат од теорија на заговор, односно Холанѓанецот Макиеле да му помогне на Ајакс да се пласира директно во групната фаза од ЛШ следната сезона. Тоа ќе се случи доколку Лион биде елиминиран од Манчестер Сити.

Засега нема реакција од Европската куќа на фудбалот, дали УЕФА ќе одлучи да делегира судија од друга земја за да бидат отстранети сите сомнежи за оваа теорија на заговор.

.

Се вчитува...